Рецепти
Се мешаат сувите состојки. Се прави вдлабнатинка, се додава јајцето, маргаринот исечен на парчиња и лимоновиот сок. Се замесува тесто, убаво се изработува и се дели на два дела. Во едниот дел се додава какаото. Се завиткуваат во најлонска фолија и се ставаат во фрижидер на 1 час. Потоа на набрашнета подлога се отвора кора, можи и на тестото одозгора брашно, за да не се лепи. Со модла се вадат цветови-цели и со отвор на средина. Кафеавите цели, а белите со отвор. Дебелина на кората околу 3-5 мм. Се редат во намрсен плех или хартија. Се печат во загреана рерна 8-10 мин. Ладни се премачкуваат со еурокрем. На здравје! *Ако ви е лепливо тестото на рака, премачкајте ги со масло. Состојки
За тесто 500 гр. брашно 150 гр. шеќер во прав 1 ванила 1 пециво 1 јајце од 1/2 лимон-сок 250 гр. путер или маргарин 2 кафени лажичиња просеано какао За лепење

Comments
Post a Comment